недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мизрахи: Во време кога има енормен број на заразени и починати од КОВИД-19, кога со денови нема вода во Штип, избори не треба да има

Мизрахи: Во време кога има енормен број на заразени и починати од КОВИД-19, кога со денови нема вода во Штип, избори не треба да има

„Кој беше ставот на СДСМ во текот на изборите за пандемијата? Тие велеа дека се е под контрола, изборите ќе бидат еквивалент на ваше поминување низ Тинекс, или било кој супермаркет.Значи имаше една блага реторика дека се е во ред. Се е во ред уследи кога имавме 50-тина до 100 заболени на ден, што е дополнителна небулоза, карантинските мерки беа со 30 заболени на ден, а по изборите пандемијата го зазеде својот ритам. Навистина би сакала од стручните лица задолжени во МЗ да видам една крива со време, политика и број на заболени. И да видиме дали можеби излегува дека политичкиот амбиент во државата диктира и број на заболени и број на починати лица“, истакна Рашела Мизрахи, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ при гостување во „Само интервју“.

Мизрахи додаде дека таков сомнеж постои во јавноста дека власта ги диктира бројките на заболени и починати од КОВИД-19.

„Кога се зборувае за избори на есен, не се зборуваше за есен октомври месец, се зборуваше за први септември или крај на август. Зошто се користеше таа реторика? Бидејќи единствениот пандан на оваа криза е шпанскиот грип. И истиот се случува во два циклуси, во првиот бран има помал број на заболени и помала смртност, во вториот бран е многу посилна. И истиот вториот бран го зазема некаде од крајот на октомври, односно со почетокот на појачување на вируленцијата на различни вируси или појавата на сезонски грип. Заради тоа се поставуваше дека крајот на август и почетокот на септември ќе биде најдобар термин. Се одеше по некоја логика што е најдобро за народот“, појасни Мизрахи.

Мизрахи додаде дека ВМРО-ДПМНЕ нема да оди на избори во Штип за да не изложува граѓаните на опасност од заразување од КОВИД-19.

„Во време кога во Штип бројката на новозаболени расте, кога градот нема вода со денови, избори не треба да има по секоја цена. Власта не треба граѓаните да ги изложува во опасност. Нечовечки однос води власта со граѓаните“.

Најнови вести