Во организација на Републичката комисија за економија и политика на УМС на ВМРО ДПМНЕ денес се организираше трибина на тема “Младинско претприемништвото во време на политички кризи”.
На трибината присутните членови слушнаа за добри практики и принципи на водење на успешни тимови, лидерство, претприемнички вештини, иновација и идеи.
-Градењето на мотивирани и квалитетни млади луѓе кои ќе бидат мотор на нови правци и политики е наша мотивација за организирање на вакви настани, велат од УМС.