петок, 23. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

„Млекара Здравје“ го одбележа Светскиот ден на храната преку промоција на хуманоста и одговорното однесување

„Млекара Здравје“ го одбележа Светскиот ден на храната преку промоција на хуманоста и одговорното однесување

По повод Светскиот ден на храната, а со цел промоција на хуманоста и зголемување на свеста од потребата за намалувањето на отпадот од храна, на 16.10.2018 година Млекара Здравје организираше повеќе активности за вклучување на младите во општествено добротворни активности.

Во Битола, учениците од VII оддление со својата класна раководителка Сашка Делова од Основното училиште „Гоце Делчев“учествуваа во приготвувањето на храна со користење на производите на Млекара Здравје и Жито Полог во кујната на Кафе ресторанот Аурум и истатаја донираа во народната кујна Утешител во Битолаза лицата на кои им е потребен оброк. Во Скопје, учениците од Гимназијата Нова поддржани од Млекара Здравје и Жито Полог приготвуваа оброци кои беа донирани во добротворни цели.

За промовирање на домашното производство и здравите македонски производи, а истовремено и поддршка на образовниот процес во Македонија, во Средното стручно општинско училиште „Киро Бурназ“ во Куманово, Млекара Здравје донираше свои производи на учениците кои, исто така го одбележаа светскиот ден на храната под мотото „Здраво, домашно, природно“.

Најнови вести