Министерството за надворешни работи, преку постојаната мисија на Република Македонија во ЕУ, испрати официјална реакција до надлежните служби во Унијата, а во врска со погрешното именување на нашиот јазик на веб страницата на ЕУ.
„И во претходни вакви или слични случаи, како и сега, Министерството за надворешни работи на Република Македонија редовно упатува реакција со која се бара корекција и именување на јазикот како македонски. Оваа пракса е резултат на долгогодишниот спор меѓу Република Македонија и Грција“ пишува во соопштението од МНР по објавувањето на заедничката декларација од Самитот на ЕУ и западен Балкан во Софија.
Таму македонскиот јазик беше означен како ,,јазик на БЈРМ“.