Доцна вечерва министерството за надворешни работи соопшти дека на шефот на канцеларијата за врски на Грција во Македонија, му била предадена вербална нота со која се информира Грција, дека се усвоени уставните измени.
Од македонско МНР посочуваат дека во вербалната нота, грчката страна се информира дека Собранието на РМ на 11 јануари ја усвои oдлуката за прогласување на четирите амандмани на Уставот на Република Македонија и одлуката за прогласување на уставниот закон за спроведување на амандманите со што Македонија го исполнила договореното.