Поради влошената безбедносна ситуација во Нигер и можноста од ескалација на истата, Министерството за надворешни работи упатува апел до државјаните на Македонија да избегнуваат патување во Нигер, додека на оние кои се наоѓаат во територијата на Нигер, а имаат можност да ја напуштат земјата, да го направат тоа веднаш.
-Воедно информираме дека Министерството, преку Амбасадата во Каиро работи на обезбедување евакуација за еден наш државјанин, кој има побарано помош. За тоа се водат интензивни преговори со нашите партнери и сојузници, кои имаат свои претставништва во Нигер. Во оваа прилика, ги замолуваме нашите државјани кои се наоѓаат во Нигер, а кои сѐ уште не оставиле свои податоци, да ја контактираат нашата Амбасадата во Каиро, со цел доставување на своите податоци, на следниот телефонски број + 202 27 508 501; +201017810085; +201033615542 и е-мејл адреса [email protected]. Дополнително, нашите државјани може да се обратат и до Министерството на дежурниот телефонски број +389 75 273 732 и следната е-меил адреса: [email protected], се наведува во соопштението на МНР.