Министерството за надворешни работи за „360 степени“ индиректно ја потврди информацијата дека е прогласен за персона нон грата руски дипломат од Амбасадата на Руската федерација во земјава, што ја објави порталот Алмакос.
На прашањето на порталот- Дали минатата недела е протеран заменик военото аташе во Руската амбасада, од МНР одговориле:
-Министерството за надворешни работи, во рамките на своите надлежности, ги презема сите соодветни мерки и активности согласно виенската конвенција за дипломатски односи со цел да ја заштити националната безбедност на Република Северна Македонија, како и соодветно да ја заштити улогата и одговорноста на земјава како членка на НАТО алијансата.