Најмалку 42 лица загинаа во вчерашната катастрофална несреќа во италијанскиот град Џенова, каде се сруши мостот Моранди.
Пораки со поддршка и сочувство до семејствата на жртвите, пристигнуваат од целиот свет, голем број спасувачки тимови се на терен во обид да се спасат животите на луѓето под рушевините, каде е можно да има и уште жртви.
Една фотографијата ги освои сите, иако важат за лути ривали, фановите на тимовите од градот, Сампдорија и Џенова заедно помагаа после оваа трагедија.
-Нема ривалство кога на твојот град ќе му се случи трагедија, гласи еден од коментарите на социјалните мрежи.