сабота, 13. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Молк од Јавното обвинителство за случајот „Рекет 2“

Молк од Јавното обвинителство за случајот „Рекет 2“

Пет дена откако медиумите почнаа да информираат за новата афера тешка милиони евра, Јавното обвинителство сеуште нема повикано никој од посочените. Ниту Министерот за здравство Венко Филипче, ниту директорот на ФЗО Ден Дончев не се повикани за да дадат исказ околу наводите на пријавителот дека со злоупотреба на нивната службена положба и овластувањата , практично влијаеле врз странска инвестиција во земјава.

Нема одговор кои биле мотивите на Филипче и Дончев и дали тие се поврзани со нивен финансиски интерес, но прилично е сигурно дека доколку ваквите обвинувања бидат затворени без соодветна истрага, тогаш ќе биде испратен лош сигнал до сите потенцијални странски инвеститори.
Секојдневно граѓаните во Македонија се соочуваат со нови и нови вести и отворени линии за донации за семејни трагедии поврзани со невозможност да се лекува ним блиско лице. Заложбите кои беа давани пред изборите 2016 година беа ваквите собирања донации повеќе нема да има и дека здравството ќе се модернизира, а Фондот за здравствено осигурување ќе ги покрива сите трошоци.

Уште една лага во низата на СДСМ и на Зоран Заев. Здравството колабираше, постојано се повеќе донации се бараат за лекување надвор, туку и директорот на Фондот на Здравствено осигурување заедно со министерот за здравство Венко Филипче се дел од рекетарска афера Рекет2.
Наместо грижа за пациентите Дончев и Филипче, според кривична пријава поднесена на Јавното обвинителство, рекетирале успешни фирми во здравствениот сектор. Уште повеќе, Дончев и Филипче се обиделе да спречат влез на здравствен гигант во Македонија, заради можност и натаму да им тече рекет и како се вели месечни транши до „благајник со брада“ во Струмица. Тоа е пример за негрижа кон пациентите, тотален морален колапс на врвот на здравствениот систем.

Аферата Рекет 2 е чист доказ за корумпираноста на системот на сметка на грижата во здравството. Дончев е познат по вмешаност во криминогени делувања, Филипче секојдневно е дел од афери во здравството, неговите обиди за јавно приватно партнерство се школски примери за коруптивност, а токму нив двајца Зоран Заев, аболициран за криминал, ги спои во најчувствителниот систем во државата.

Најстрашното од овој спој е што се уште и по една недела од избивањето на скандалот Рекет 2, во кој што Дончев и Филипче не само што се обидуваат да спречат продажба на приватна компанија на светски здравствен гигант, туку и со помош на други институции со криминогени, лукративни раководители ги спречуваат смрзнуваат парите кои што ги заработува бизнисменот од продажбата, веројатно гледајќи прилика да бидат дел од колачот на заработката.

И се уште и по избивањето на аферата и по поднесената кривична пријава од бизнисменот кој трпи терор од Дончев и Филипче, и двајцата се уште немаат потреба ниту било какво чувство за одговорност и поднесување оставка. Тоа го можат само луѓе зад чиј што грб стои некој со многу голема политичка моќ некој што им ветува заштита и неказнивост.

Фактите велат дека за Рекет 2, за погрешните информации, за лагите за оцрнување на македонскиот бизнисмен искажани од Дончев и Филипче кон странскиот инвеститор само и само да се спречи нивниот влез во Македонија бил запознаен и Зоран Заев, а според медиумите преку дипломатскиот кор и шефот на дипломатијата Никола Димитров.

Но, секако нема реакција, нема запирање на двајцата „успешни“ функционери Дончев и Филипче, нема пријава кај Јавното обвинителство на Љубомир Јовески или секторот на Вилма Рускоска.

И затоа не изненадува фактот дека и денес, Дончев директорува а Филипче министерува. Ниту Заев ги повикува, ниту Јовески или Рускоска бараат тие да бидат тргнати за да не влијаат врз материјални докази, или пак сведоци во случајот. Не се бара ниту зошто нема никаков резултат од истрагата заради која рекетираниот бизнисмен не може да ги користи парите од продажбата?

Еден од аргументите на Ден Дончев на пресот со кој што мисли дека се заврши, беше дека парите од купопродажбата биле ставени во странска банка и дека бизнисменот сакал да вложува надвор од Македонија. Но Дончев не кажа дали причината за продажбата можеби не биле рекетирани месечни транши, или смрзнувањето на сметката на бизнисменот е барањето „оштета“ за прекинатиот рекет?

Најнови вести