недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Момировски: Ако е точно тоа што вели директорката, тогаш соучествува веќе година дена бидејќи дава плата на некого што не е тука туку е во Германија, а тоа е кривично дело

Момировски: Ако е точно тоа што вели директорката, тогаш соучествува веќе година дена бидејќи дава плата на некого што не е тука туку е во Германија, а тоа е кривично дело

„Оваа победата на Данела Арсовска што ја прогласи утрово, што велат го прогласи за умрено ѓубрето е шега, бидејќи денеска сум цел ден низ Скопје и видов на многу локации дека се уште не е исчистено ѓубрето“, истакна Горан Момировски во гостување во „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Момировски рече дека за него е важно да функционираат претпријатијата, бидејќи за тоа граѓаните секој месец плаќаат.

„Јас прашувам кој е тој менаџер кој што година дена не увидел дека вработените му работат во Германија, дека дава плата на некој вработен, а тој не е тука. Таа утре може да се соочи со кривична пријава по член 353 бидејќи таа овозможила на некого противправно да троши пари од Буџетот. Зошто оваа година дена откако е дојдена таа не се направени чекори, кривични пријави, да го повика Обвинителство, да побара помош од МВР“, запраша Момировски.

Тој посочи дека ако е точно тоа што директорката тври значи таа соучествува во тоа бидејќи дава плата на некој што не е тука туку е во Германија, тоа е кривично дело.

„А, она што го видов денеска по улиците на Скопје , дефинитивно војната не е победена како што вели Арсовска“, нагласи Момировски.

Најнови вести