Јасно е дека меѓу градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и влаејачкиот Социјалдемократски сојуз (СДСМ) има корелација и тоа може да се види по последната платено политичка кампања каде што трошат пари за да ја поддржат Арсовска, вели новинарот и аналитичар, Горан Момировски во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, во однос на последните случувања помеѓу градоначалничката Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ.
Тој посочи дека корелацијата, односно соработката, меѓу владеачката партија и Арсоска може да се види и од последната вчерашна нејзина прес конференција, каде што позади нејзе стоеја луѓе од СДСМ.
„Гледаме денеска почнаа една кампања Социјалдемократскиот сојуз која што го користи овој судир помеѓу Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ, што мене ми укажува дека постои можност, да речам, дека ова сето е координирано помеѓу најголемата владеачка партија и Данела Арсовска, со цел да се намали влијанието, односно предноста на анкетите од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Мислам дека времето ќе покаже брзо кој бил во право, која е позадината, дали се работи за интересите на СДСМ, дали се работи за интересите на Данела Арсовска и групата која што стои веројатно, претпоставувам дека стои некоја група зад неа, иако вчера видовме дека членови на СДСМ стојат заедно со неа на прес конференција“, реече Момировски.
Момироски истакна дека ваквата корелација и соработка меѓу СДСМ и Арсовска, која е се поочигледна, се прави со цел да се намали влијанието и рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ од кој се исплашени од владејачката партија.
„Јас она што конкретно сега го гледам е една кампања на СДСМ која е на страната на Арсовска. И тука не може да се каже дека нема корелација помеѓу Арсовска и СДСМ. Јасно е дека има корелација. Вчера имаше луѓе од СДСМ што стоеја зад неа на прес конференција, спотовите што ги прави СДСМ ги плаќа, пазете платена политичка програма за да се поддржи Арсовска. Мене лично тоа доволно ми зборува дека таму има некаков систем, некаков сет ап план за да се намали, да речам, влијанието на ВМРО-ДПМНЕ“, истакна Момироски.
Додаде дека, суштината е дали функционира градот, дека за него, тоа е главната тема, дали функционира градот, дали ќе се соочота соодветно со предизвиците. Кои посебно ќе бидат изразени оваа зима.