вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

МОН го осудува насилството во ООУ „Живко Брајковски“, очекува санкција за наставникот кој нападна ученик

МОН го осудува насилството во ООУ „Живко Брајковски“, очекува санкција за наставникот кој нападна ученик

Министерството за образование и наука, го осудува индицентoт во ООУ „Живко Брајковски“, каде што наставник нападнал и повредил ученик од истоименото училиште.

По добиените наоди од извршениот надзор од страна на Државниот просветен инспекторат, Министерството за образование и наука очекува соодветно санкционирање на наставникот.

-Веруваме дека секоја ситуација и конфликт може да се разреши по мирен пат, со разговор, а не со физички пресметки и напади. Штетата е уште поголема што не станува збор за инцидент помеѓу ученици, туку помеѓу наставник и ученик. Апелираме до сите наставници и ученици, проблемите со кои се соочуваат, конфликтите, да ги решаваат во присуство и со помош на психолошко-педагошката служба во училиштата, како и во присутво на родителите и раководните лица на образовната установа, се вели во соопштението од МОН.

Најнови вести