недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Монолози

Монолози

Се што ветија излажаа. Едноставна сублимирана констатација за политиката на ѓон СДС предавничка, како онаа прагматичната, така и на онаа идеализираната кај граѓаните, а пласирана за изборни потреби.

Така, ѓон СДС предавничка на чело со велепредавникот ѓон Заев ветуваше демократија, слобода на медиумите, отворени политики, пракса на квалитет и професионалност, општество за сите или како беше онаа „живот за сите“ па се до „дебати“ или јавни дебати за сите прашања, па дури и отчетност на Владата како јавна дебата.

Доколку тргнеме по ред да ги објаснуваме сите лажни ветувања ќе ни требаат повеќе од еден авторски табак простор или можеби добри неколку часа време за набројување и препрочитувања, затоа ќе се задржиме само на фамозните дебати и јавни дебати по прашање на отчетноста на Владата на ѓон СДС предавничка. Зошто токму на дебатите и јавната отчетност на Владата? Затоа што последнава недела се исклучително промовирани „дебатните“ емисии на еден медиум во кои упорно гостуваат клучните функционери на ѓон СДС предавничка. И се би било во ред доколку токму тие емисии се навистина дебатни, односно доколку на истите, Русковска, Катето (специјално во слободен пад), ѓон Спасовски, ѓон Рада и другите ѓон СДС функционери имаа некој соговорник од опозицијата со кого ќе ги соочеа аргументите за тоа кој колку и што сработил за татковината, а богами и кој изврши велепредавство и со кои цели и мотиви и од кого поттикнат и поддржан (на што еден убав ден мора да се даде одговор). Вака, нарачаните монолози со инструирани „прашања и коментари“ на „дебатите“ само потврдуваат две клучни спознанија за прагматичната и јавната политика на ѓон СДС предавничка и тоа:

1.Јавните политики на ѓон СДС предавничка воопшто не се јавни, туку тоа се политики скроени во исклучиво тесен круг на партиски „експерти“ при што максимално се избегнуваат мислењата на академската јавност и особено на оние кои се директно засегнати од тие политики, а воедно јавноста е потполно исклучена. (примери за ова има и премногу, од реформите во безбедносниот сектор, па се до законот за служба во АРМ и други важни прашања за граѓаните)

2.Таканаречените дебати на ѓон СДС предавничка всушност се само монолози во отсуство на опозицијата и во кои дури не сме удостоени ниту со сериозна отчетност за работата на Владата, а покажува колку се стерилни политичките ставови и демократската тенденција на ѓон СДС предавничка.

Така за само скоро две години од владеењето на ѓон СДС предавничка имаме состојба на потполна медиумска затвореност или крајна селективност за опозицијата, монолози на власта за нивните ѕвездени дострели, нарачани телефонски прашања со цел глумење на демократија и отвореност кон граѓаните и секако повторно раскази со превртена слика колку се тие демократи и успешно ја водат државата. Само убави раскази, приказни за мали деца, слаткоречивост и полна уста со ЕУ и НАТО. Но, никаде неможеме да видиме конкретни резултати кои ќе овозможат „живот за сите“. Нема да набројувам и да објаснувам каде сме со економијата, финансиската моќ на граѓаните, порастот на јавниот долг, задолженоста на државата. Ступидните популистички обиди за „реализација на ветеното“ најавени со помпа и пласирани како вест на денот дека се отстранува оградата од пред зградата на Владата имаат за цел само дневна дефокусација на граѓаните од конкретните проблеми. За тоа од каде се „внатрешните средства“ за овој вандализам и нагрдување на просторот ќе прашаме друг пат и во други услови (веројатно ѓон Црпко предавнички од џеб ги извадил-внатрешниот де).Исто така, нема прашања за тоа до каде е со расветлувањето со големиот број на убиства и тешки кривични дела или кој изврши оружен грабеж врз експозитурата на Халк банка во сред ден или можеби кој стрелаше со ракета (РПГ или Зоља) во ТЦ Мавровка, секако ова се дребни работи и министерот за по внатре не одговара на вакви ситници (од кога тоа личната и јавната безбедност на граѓаните е значајна работа-ќе си се снаоѓаме кој како знае и умее, нетреба да го замараме овој лик под маска со неважни работи), тој – ѓон Спасовски предавнички одговара само на нарачани прашања, тенденциозни со дневно политичка цел и во рамките на своите монолози. Во нивните монолози или нарачани прашања нема ниту збор за ваквите успеси или можеби страшните успеси на меѓународен план.

Кога сме на прашањето на меѓународниот план, за НАТО – ДА, НО е тоа е она НО што прави проблем и создава горчина кај секој Македонец (овие од власта не мислам дека се Македонци и дека имаат национална свест), горчината е токму во тоа што во НАТО влеговме понижени, обезличени, посрамотени и што е најважно, наместо со затворени проблеми со соседите ние влеговме во НАТО како Северна Македонија која отвори уште повеќе прашања за решавање со соседите, но и внатре. Сите тие прашања допрва ќе дојдат на дневен ред и тоа многу бргу во текот на пристапните преговори за ЕУ. Сметката од шармер дипломатијата и будалаштините на оваа власт на ѓон СДС предавничка допрва ќе ги плаќаме со генерации. Така е тоа кога народот наш Македонски нема да гледа подалеку и чисто на целата слика, туку само дневно-политички замаен со „демократијата и животот“ на ѓон СДС предавничка. Токму затоа и нивните монолози ќе се претставуваат како врвен медиумско демократски дострел, а се одвиваат по принципот „фали ме усто, оти ќе те расчепу“. Тие ќе си се фалат и ќе глумат дебати во своите монолози и до тој степен ќе забегаат што оној шармерот од министер за по надвор води дебата самиот со себе за тоа дали ќе биде кандидат за Претседател на Република Северна Македонија. Ова е показател на врвна лудост или пак отворен мајтап со сите нас, а и за едното и за другото како политичка анализа веќе имам пишувано, така што одлуката е сепак во наши раце, а не во нивните само дебати.

Бидејќи, ништо не остана ниту од дебатите на ѓон Црпко предавнички (алијас лицето ЗЗ) и се претворија во монолози кои понекогаш претставниците на власта ги водат дури и самите со себе, внатре во нивната психа и тоа јавно го кажуваат, ми се наметнува едно прашање кое сакам да го споделам со вас почитувани граѓани, но на кое не очекувам одговор. Имено тоа гласи: „Дали претседателскиот кандидат на ѓон СДС предавничка кои нели ќе си го изберат демократски на свадбата на 3-ти Март (има некоја коинциденција со датумот на закажаната свадба, Ве молам проверете да не е некој мајтап во прашање или сватовите ќе бидат од странство) ќе биде малку доблесен за да сподели со јавноста каква тоа дебата во текот на кампањата ќе води самиот со себе“? Доколку остане на себепреслушување и тоа не го сподели со јавноста на една медиумски отворена монолог емисија, ептен ќе повлијае врз демократскиот рејтинг кој го достигна оваа власт на ѓон СДС предавничка.

Кога веќе се допревме до претседателските избори (од предвремени парламентарни нема ништо, затоа што знаат дека ќе ги изгубат), само ќе напоменам дека сум убеден во победата на ВМРО-ДПМНЕ, но имам да кажам уште неколку клучни аспекти на кои ќе се осврнам пред почетокот на кампањата, односно кога ќе бидат познати двајцата клучни кандидати за Претседател. Ова не е од аспект на приклонување за мудро заземање страна, туку затоа што за некои анализи и нивни јавни презентации едноставно е потребно да се случи во вистинско време за да бидат правилно разбрани.

На крајот повторно да Ве потсетам драги мои Македонци, граѓани на Македонија. Борбата за Македонија и Македонизмот е генерациска борба, а на нашата генерација е да создадеме услови за исправање на грешката која самите ја направивме.

Вонреден професор д-р Оливер Андонов

На денот на Св.Григориј Богослов

Најнови вести