петок, 2. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Морачанин: Според Заев, во интерес на државата е тој да си замине

Морачанин: Според Заев, во интерес на државата е тој да си замине

Претседателката на ДОМ, Маја Морачанин во вечерашната дебата на ТВ 24 откри дека премиерот Зоран Заев смета дека освен што неговата оставка е преземање одговорност, тоа е и во најдобар интерес на државата.

-Премиерот е дециден за оставката и само прашања на време е кога ќе започне процедурата. Премиерот беше одлучен во неговата намера да си поднесе оставка и сите други дебати немаа простор. Неговите видувања се дека не е само во прашање негово чувство на одговорност и етика, туку и дека е тоа во најдобриот интерес за државата, општеството. Тоа е неговото образложение. Во секој случај, тоа е морален чин, рече Морачанин.

Најнови вести