Граѓанската асоцијација МОСТ денешното гласање за избор на нов претседател на државата го следи со над 1.500 набљудувачи.
Претседателот на МОСТ, Дарко Алексов, посочи дека се формирани статични и мобилни тимови кои ќе го следат изборниот процес.
Наведе дека, според информациите на МОСТ, сите гласачки места се отворени навремено и без проблеми.
-Нашиот систем е составен од неколку нивоа на проверка, во текот на целиот ден ќе излагаме со проверени и потврдени информации, нагласи претседателот на МОСТ.