Зоран Заев денеска по завршување на судско рочиште во изјава за медиуми призна дека целиот врв на владеачката СДСМ наседнал на карактерот на Боки 13 иако добро го знаеле шоуменот и негов ривал за лидер на СДСМ.
Меѓу тие што наседнале еднаш на Боки 13 е и самиот Заев, вицепремиерката Шеќеринска, екс генсекот на партијата, и многу други функционери кои некогаш беа блиски и се сликале со него а сега ќе гласат за нов лидер на СДСМ.
Според најавите во трката за избор на нов претседател, како главен претендент да го замени Заев е Бојан Јованоски – Боки 13, осуден во случајот „Рекет“ , кој сведочеше дека парите од „Рекет“ кој што тој ги земал завршиле кај Зоран и Вице Заев.
Во однос на кандидатурата на Бојан Јовановски, Заев постави административни критериуми за Шоуменот и негов ривал да може да се кандидира:
„Прво треба да си направи реевиденција да биде член, после тоа да има најмалку 5 години членство во СДСМ, не знам дали го ажурирал членството”, изјави Заев.
Според него Бојан Јовановски е таков каков што е, и го знаеле сите, но жали што наседнале луѓе на неговиот карактер.
Со тоа премирот отвори дилема дали има страв дека повторно високи членови на неговата партија и Конгресот на СДСМ можат пак да наседнат на неговиот карактер и да го дадат гласот на Боки 13 да ја води СДСМ на местото на Заев.