петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Можен нов случај на коронавирус во скопско основно училиште, директорката со игнорантски однос ни ја спушти слушалката

Можен нов случај на коронавирус во скопско основно училиште, директорката со игнорантски однос ни ја спушти слушалката

Игнорантски однос на директорката на основното училиште „Владо Тасевски“ во општина Карпош.

Откако редакцијата на КУРИР ја контактираше директорката на основното училиште „Владо Тасевски“ во општина Карпош за да ја потврди или демантира информацијата дали наставничка по англиски јазик била заразена со коронавирус, таа ја спушти слушалката.

-Од КУРИР?, има мене кој да ми ја потврди информацијата, пријатно, кратко ни одговори директорката Елка Даскалова.

Инаку нашата редакција ја побара Даскалова за да ни ја потврди информацијата до која стигнавме, а тоа е дека во ова основно училиште наставничка по англиски јазик била позитивна на коронавирусот.

Одговор побаравме и од општина Карпош на чија територија се наоѓа ова основно училиште, доколку добиеме нивен став, во целост ќе и биде пренесен на јавноста.

И додека власта ги тера родителите сами да им купуваат компјутери на своите деца, и додека со евтин маркетинг организираат викенд без ДДВ и додека се повеќе ученици и персонал е заразен со вирусот, власта молчи и има игнорантски, дрзок и неетички однос кон неистомислениците.

Најнови вести