Жестока дебата во „Click Plus“ на ТВ21 помеѓу пратениците на ДУИ и Алијанса за Албанците, Арбер Адеми и Елми Азири.
Азири признава дека на листите за совети, ДУИ води 2:1 наспроти Алијанса, но е убеден дека Алијанса ќе добие повеќе општини во вториот круг.
Дебатата во главно се фокусира на Општина Тетово, а Азири претходно изненади со одговорот дека Алијанса е спремна да го поддржи Биљал Касами во Тетово и дека се спремни за да преговараат со Беса.
Се работи за доста важно прашање, а засега не се знае како ќе одговорат од СДСМ.
Дали тие ќе ги поддржат ДУИ и Беса во Тетово?
Оваа дилема се отвора по фактот дека можно е опозициската ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Касами, а за возврат да побара пратеници за ново мнозинство.
Од друга страна, Арбер Адеми во студиото порача дека сегашното мнозинство не само што е стабилно, туку после изборите и ќе се зголеми.
Останува да се види каква одлука ќе биде донесена во наредните денови, пишува ТВ21.