четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Можност за појава на одрони на патиштата низ клисурите

Можност за појава на одрони на патиштата низ клисурите
илустрација

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, информира Автомотосојузот на Македонија (АМСМ) во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Тоа посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево

Најнови вести