Никола Петровиќ, Србин од Ниш при посетата на Македонија доживеал сообраќајна незгода во близина на Тетово за веднаш потоа да биде пријатно изненаден од гостопримливите Албанци кои му помогнале.
-Искушенијата се составен дел од патувањето. Некој шраф ми ја скина гумата до Тетово, а во недела не работат вулканизерите на патот. Додека го извадив помошното тркало, 10 луѓе (од кои 9 Албанци) застанаа да ме прашаат дали ми треба помош. Еден му се јави на својот познаник, вулканизер кој живее и работи во блиското село, кој седна во колата, ми го симна и ми го зема тркалото, го врати и го монтираше по 15 минути. Побара 10 евра за услугата ако имам и ме викна на кафе. Сакам да верувам дека некој со ТЕ таблички што се нашол во неволја некаде во близина на Ниш да помине исто како јас денес, пишува Петровиќ во својата објава.