На денешната расправа во Собранието на Република Македонија се обрати пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “За обнова на Македонија”, Љупчо Пренџов кој побара од директорот на управата за финансиска полиција да даде одговор дали во изминатите месеци биле забележани сомнителни трансакции, односно дали има одговор на прашањето зошто Еуростандард банка е затворена на 12 август, а уште на 30 јули банката имала негативен адекватен капитал.
Директорот на УФП Муареми, потврди дека се расчешлуваат голем број на фирми кои биле предмет на проверки и биле партиципиенти во Еуростандард банка, и за истите ќе се води предистражна постапка. За истите се обезбедени материјални докази и понатака ќе се отвори постапка од надлежните институции.
Муареми исто така додаде дека на список има уште фирми кои допрва треба да бидат разгледани и да се види дали и таму е поребна длабинска анализа на работењето, како и покренување на било каква постапка во иднина.
Директорот на УФР Муареми, истакна и дека ќе се разгледаат земените кредити од голем број на фирми и ќе се согледаат сите можни сценарија околу можните нерегуларности. Доколку сомнежот се потврди, тогаш за истиот случај ќе биде известен јавен обвинител кој ќе ја води понатака постапката.