четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Муцунски до Манчевски: Контрадикторно е да барате избори, а денеска да се предлага продолжување на вонредната состојба

Муцунски до Манчевски: Контрадикторно е да барате избори, а денеска да се предлага продолжување на вонредната состојба

На денешната Само вистина на Канал 5 телевизија, меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, во реплика кон дамјан Манчевски за датумот за избори посочи дека контрадикторно е СДСМ да бара избори, а денеска министерот на здравство да предлага продолжување на вонредната состојба.

-Контрадикторно е на барате избори, а денеска да се предлага продолжување на вонредна состојба пред се заради здравствени мерки, истакна Муцунски.

Ние во средината на мај имаме потреба од вонредна состојба заради носење на здравствени мерки, а паралелно СДСМ бара избори за точно еден месец од денеска, вели Муцунски кој истакна дека истото е контрадикторно од владеачката партија.

Муцунски објасни дека истото е многу контрадикторно и несериозно кон граѓаните, ние треба да ги почитуваме граѓаните, а тоа е несериозен пристап кон нивниот здравствен интерес.

-Ако ние сеуште денеска не сме го постигнале тој минимален праг којшто кажуваат денеска претставници на јавното здравство, 14 дена по ред ние да имаме под 5% позитивни случаи од вкупниот број на тестирани, ние сме далеку од тоа, ние не сме ја добиле битката, вели Муцунски.

Најнови вести