понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Муцунски: Ќе се формираат посебни Младински центри коишто ќе го поттикнуваат претприемништвото, но и професионалните вештини,

Муцунски: Ќе се формираат посебни Младински центри коишто ќе го поттикнуваат претприемништвото, но и професионалните вештини,

Со позитивна енергија продолжуваме со промоцијата на мерките за млади претприемачи од проектот Обнова.

》Во Карпош со младите споделуваме што ќе донесат 4те милиони евра за проектот „Претприемничка иницијатива за млади“, преку кој младите луѓе ќе можат со грантови да си ги финансираат своите иновативни проекти, а иновација не им недостига, секогаш се со свежи и кул идеи, пишува кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски.

》Ќе се формираат посебни Младински центри коишто ќе го поттикнуваат претприемништвото, но и професионалните вештини, со обуки за дигитални вештини, доквалификација, обуки за аплицирање за владини или невладини институции, техники на вмрежување, кариерно советување и личен развој. И многу повеќе за младите да можат да ги финансираат своите бизнис планови, проекти и иновативни решенија, вели во својата објава Муцунски.

Најнови вести