На младите луѓе тука во Лисиче не им недостига љубовта кон татковината. Се радувам на овие средби со младите, затоа што се полни со енергија и со патриотски дух, сакаат да создаваат и во нив гледам вистинска сила за позитивни промени, која ни е потребна за да ја исправиме Македонија.
За да има среќни млади кои ќе сакаат да придонесуваат и да творат дома, треба да создадеме можности и услови за нив, без разлика дали се млади спортисти, уметници или млади земјоделци.
Само на тој начин можеме да ја донесеме обновата, која почнува од нив.
#ОдбериОбнова