петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Муцунски: СДСМ не е конструктивна и нема слух за соработка со опозицијата во вакви екстремно кризни моменти за државата и здравјето на граѓаните

Муцунски: СДСМ не е конструктивна и нема слух за соработка со опозицијата во вакви екстремно кризни моменти за државата и здравјето на граѓаните

Креативноста на СДСМ е на преден план, а не креативноста од гледна точка за заштита на здравјето на граѓаните, изјави меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски на Канал5 телевизија. Тој изрази загриженост од незрелото однесување на СДСМ во вакви кризни моменти за државата. Сега кога и позицијата и опозицијата треба конструктивно да соработуваат, СДСМ нема слух за тоа, вели Муцунски

-Еве на пример министерот за внатрешни работи кој што е предложен од ВМРО-ДПМНЕ и кој што многу професионално си ја извршува својата задача и се обидува колку што е можно подобро да ги менаџира состојбите, тој има предизвици и блокади што се поставени пред него. Но, сепак и покрај тие блокади неговата работа има позитивен ефект во делот од институцијата со која што тој раководи. Но, ајде да ги ставиме на страна различните размислувања и да работиме сите во интерес на државата. Но, искрено да Ви кажам, дури и кога јавно тоа го кажуваше и нудеше претседателот, професорот Мицкоски, добивме само штуро соопштение од СДСМ. Доколку ние сакаме сите да бидеме конструктивни во процесот, треба да се има и слух за она што ќе го предложи опозицијата. Еве во делот на економските и здравствените мерки ние многу предложивме, но скоро ништо не се прифати или многу минимално и тоа со голем отпор. И кога компаративно го гледаме се она што се случува во Европа, во моментов опозициите не молчат. Критиката не е за рушење на внатрешните состојби, критиката е за да се обезбеди капацитет. Има мудри и паметни луѓе и вон партиите кои мора да се слушаат во вакви моменти. Секој треба да биде ислушан и да не биде сфатен како деструктивен. Ако не ги чуете критиките кои доаѓаат од стопанските комори, од занаетчиите, од најпогодените индустрии тогаш како да кажам, вие не сте зрели за политика, рече Муцунски.

Најнови вести