сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Муцунски: Сега не е време за критика, туку на најстручните кои се изложени на огромен ризик да им дадеме максимална поддршка!

Муцунски: Сега не е време за критика, туку на најстручните кои се изложени на огромен ризик да им дадеме максимална поддршка!

Примарно е здравјето! Независно дали се согласуваме со начинот на кој што се справуваат институциите со кризата, сега не е време за критка. Напротив, сега треба на најстручните кои се изложени на огромен ризик да им дадеме максимална поддршка! Вирусот не познава вера, етницитет, пол и возраст. Битката е заедничка.

-Што се однесува до економските мерки, сега е време за критика! Доколку не се превземат соодветни мерки за заштита на малите и средните претпријатија и справувањето со општата ликвидност, ризикуваме многу изгубени работни места и крах на веќе слабата економија. Треба да зборуваме гласно дури не е предоцна, бидејќи покрај деловниот свет, најголемиот удар би го претепиле граѓаните! Сега ќе биде многу поефтино со државен интервенционизам да се спасат работните места, наместо кога ќе заврши кризата да инвестираме многу повеќе за враќање на истите. Слушајте го бизнис секторот, слушајте ги најстручните економисти! Како што знаеше да каже еден драг Професор: “тој што мисли дека се знае, не знае колку не знае”.

-Членовите на економскиот тим на Владата, по нивната стручност и надлежности немаат скоро никаква улога во справувањето со здравствената криза. Затоа, и во овие тешки времиња, можеме да си дозволиме да ги критикуваме. Тоа е во наш заеднички интерес. За жал, спрема нивната стручност, како да немаат никаков капацитет во справувањето со економската криза!

-Чувајте се, чувајте ги своите семејства. Време е за емпатија и взаемна поддршка!, пишува на својот профил меѓународниот секретар за надворешна политика на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски.

Најнови вести