Справување со коронавирусот и последиците од неа треба да бидат приоритет за следната Влада, рече претставникот од ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцински во изборната дебата на ТВ21.
„Нашите болници се преполнети и секој ден имаме цифри на троцифрени број на новозаразени и имаме голем број на починати лица. Првиот напор на следната Влада треба да биде во насока на преземање конкретна и реална здравствена политика“, потенцираше Муцунски.
Тој додава дека треба да се создаде економска благосостојба, односно продуктивна земја која ќе биде партнер и ќе ги намали даноците за сите.
Вечерва во изборната дебата на ТВ21, учествуваат дел од кандидатите за пратеници од првата изборна единица.