вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Муслиу: Има пропуст во институциите во врска со случајот на претепување на Јанакиески и Ристовски

Муслиу: Има пропуст во институциите во врска со случајот на претепување на Јанакиески и Ристовски

Во вечерашната емисија „Отворено на Алфа“ гостуваше Алберт Муслиу, политички аналитичар кој рече дека кај нас во политиката ништо не го чуди, и не го зачудуваат исценирање на работите, мислејќи на инцидентот во истражниот затвор „Шутка“ каде беа нападнати екс министрите Јанакиески и Ристовски.

-Во секој случај има пропуст во институциите. Не може во такви институции да се случуваат такви немили случувања и тука не треба вината за случувањата да се бараат надвор. Дали тоа е исценирано, дали е тоа провоцирано институциите кај нас после 28 години треба да навикнат дури ако некој ги провоцира тие треба префесионално да се однесуваат и да ги заштитат сите граѓани, нагласи Муслиу.

Муслиу појасни дека памети времиња дури и 97-ма во Гостивар кога се случија немилите настани и кога изговорот на полицијата беше дека биле испровоцирани. Институциите треба да се професионални и да не потпаѓаат под провокации или исценирања.

Најнови вести