четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Муслиу: Пораките кои ги промовираше Трајковски за помирување и за зближување треба да бидат поука

Муслиу: Пораките кои ги промовираше Трајковски за помирување и за зближување треба да бидат поука

Во емисијата „Само Вистина“, гостуваше Алберт Муслиу, политички аналитичар кој при самиот почеток говореше за Борис Трајковски каков претседател бил, бидејќи денеска се нарушуваа 15 години од неговата трагична смрт.

Муслиу посочи дека Трајковски за време на најкритичните моменти, единствено тој имал капацитет да издејствува да се помират учесниците од конфликтите. Тој беше еден од главните фактори зошто Македонија влезе и во помирните води.

-Пораките кои ги промовираше на помирување, на зближување мислам дека треба да бидат поука. Работите кои не сме ги извлекле од тие поуки сега не оптеретуваат во сегашно време кога ги ставаме тие партиски интереси над сите не само општествени туку и индивидуални, и билатерални и односите меѓу луѓето. И мислам дека тој тоа само го направи и на сите ни покажа дека на тој начин на однесување е корисен за сите, појасни Муслиу.

Најнови вести