Музичарите од земјава повикуваат на масовен протест кој ќе одржи пред Влада, во среда со почеток од 14 часот, а на кој ќе бараат да им биде дозволено да настапуваат, бидејќи, како што велат, оставени се на раб на егзистенција, пишува слободенпечат.мк
-Валиден ПРОТЕСТ на документ, по здравствени мерки, со маска, секој на растојание од 1.5 метар по човек, со наши редари кои ќе ги препознаваат кои се дел од протестот, со полиција која не заштитува нас од околни непознати ликови или политички демонстранти, бина огромна со настап на естрадни музичари, диџеи и останати уметници… Така да, СЕГА излегуваме СИТЕ, сега го остваруваме правото СИТЕ, сега креваме врева, нема веќе време понатаму кога!!! За вас и нас се работи, за нашите кариери и фамилии кои ги храниме дома, за вашите деца е ова – пишува во објавата која што е истакната на социјалните профили на речиси сите музички работници во земјава.
Исто така, апелираат да им се приклучат и угостителите, фото студијата, танчерките, свадбарската индустрија, цвеќарите, салоните за убавина, односно сите кои на некој начин се засегнати од забраната за одржување на настапи во живо и свадбени и други семејни свечености. Околу тоа кој стои зад најавениот протест, засега нема информација.