четврток, 14. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

МВР: Изречени близу 800 казни низ целата држава за брзо возење

МВР: Изречени близу 800 казни низ целата држава за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (24.05.2021) Министертвото за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 793 возачи. Од нив, 94 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 16 возилa се движелe со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Најнови вести