МВР денес се пофалија после толку време за успешно завршен случај. МВР вчера единствено беше продуктивен, додека по улици слободно шетаат криминалци, тие чистат пелени.
Граѓаните се сведоци дека по вчерашната случка за пелени кога станарите од таа зграда беа евакуирани поради неподносливата миризба се додека МВР не го исчисти ѓубрето од еден од становите во таа зграда.
За потсетување со чистење на пелени, граѓаните не го забораваат неделувањето на Спасовски и МВР кои им дадоа ветар во грб и поддршка на криминалците кои добија толкава моќ што веќе не размислуваат дали да посегнат по оружје и да пукаат пред очите на недолжни минувачи.
Уште колку човечки животи треба да згаснат за Оливер Спасовски да сфати дека е неспособен да го води МВР?