вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

МВР работи на спречување на неконтролирана сеча на шумите

МВР работи на спречување на неконтролирана сеча на шумите

Ја спречуваме неконтролирана сеча на шумите, нелегалната продажба на дрва за огрев, која претставува сериозна закана врз еко-системот и намалување на шумскиот фонд, наведе министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук-профил.

Тој посочи дека денеска остварил средба со Аница Симонова, раководител на Сектор шумска полиција, Јулијана Николова, генерален директор на Македонски шуми и Сашо Јовановиќ од секторот за шумарство и ловство при МЗШВ, при што разговарале за моменталната состојба, а ги детектирале и проблемите и недостатоците со кои се соочуваат институциите.

-Дополнително, формиравме координативно тело составено од членови од сите надлежни институции кое во најкус можен рок ќе започне со подготовка на системски мерки, со цел конечно решавање на состојбата со бесправното сечење на шумите, потанцира Спасовски во објавата на Фејсбук. (МИА)

Најнови вести