сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

МВР со детали за пожарот во велешко, најавени поднесоци за четири лица

МВР со детали за пожарот во велешко, најавени поднесоци за четири лица

Министерството за внатрешни работи денес информира дека во врска со вчерашниот пожар во велешко приведени се четири лица.

Во СВР во 11.35 часот  бил пријавен пожар на едната страна од регионалниот пат Велес-езеро „Младост“, во близина на с.Башино Село, каде горела борова шума, а потоа се проширил на повеќе локации.

П-риведени се четири лица, кои кажале дека при изведување на градежни работи запалиле сува трева, по што се обиделе да го изгаснат пожарот, но не успеале и ја известиле противпожарната единица од Велес. По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Пожарот е изгаснат, информираат денес од МВР.

Најнови вести