сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

МЗШВ: Распишан уште еден јавен оглас за ангажирање на практиканти во секторите и управите на министерството

МЗШВ: Распишан уште еден јавен оглас за ангажирање на практиканти во секторите и управите на министерството

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство распишa јавен оглас за ангажирање на шест практиканти, за практиканска работа во секторите и управите на министерството до крајот на годината, односно до 31.12.2023 година.

Преку овој оглас, соопштија денеска од МЗШВ, право за аплицирање имаат дипломирани студенти или студенти на завршна година студии од земјоделските, шумарски и ветеринарни високо образовни институции во државата. Односно студенти од областа на биотехничките науки (наука за земјиште и хидрологија, заштита на растенија, растително производство, пчеларство, овошатарство, лозарство, ветеринарна медицина, добиточно производство, рибарство, шумарство и холтикултура, преработка на дрво, биотехнологија, прехранбена технологија, преработка на анимлани производи), градежништво и водостопанство, правни науки, економски науки и-или природно-математички науки – хемија.

Периодот за практиканската работа изнесува шест месеци со полно работно време.

Практикантите за време на практиканската работа, појаснуваат од МЗШВ, остваруваат право на надоместок во висина од 70 проценти од минималната нето плата утврдена согласно закон, за практиканската работа во период до три месеци и надомест во висина на минималната нето плата утврдена согласно закон, за практиканската работа над три месеци, сметано од четвртиот месец.

– Наша цел како министерство е мотивирање на младите и давање можност своето стекнато знаење да го дадат во развој на институциите, но и стекнување на ново знаење и вештини во струката, додаваат од министерството.

Рокот за пријавуање на јавниот оглас е 10 дена од денот на неговото објавување на веб страната на министерството https://www.mzsv.gov.mk/, каде заинтересираните може да најдат и повеќе информации за апликацијата и потребните документи при апликацијата.

Најнови вести