Јавната седница пред Апелациониот суд Скопје по кривичниот предмет КОКЖ- 153-22 во јавноста познат како „Меѓународен сојуз” закажана за ден 24.04.2023 година се одложи поради неможност на обвинетиот Б.Ј.од С. да присуствува на седницата по скоро извршена хируршка интервенција, соопштија денеска од Апелациниот суд Скопје.
Во соопштението се наведува дека Б.Ј. се уште е хоспитализиран и ја прима неопходната нега.
– За обвинетата J.Е. нема уредна достава, за во судот е известен од бранителот дека има промена на адреса непријавена во судот, по што е до бранителот во рок од три дена да ја достави точната адреса. Заради тоа судот насрочи нов термин за јавна седница на 05.06.2023 година во 11:00 што странките и присутната јавност беа усно известени, информираат од Апелација.