вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

На Богородица и Табановце се чека до 45 минути, ова е состојбата на патиштата

На Богородица и Табановце се чека до 45 минути, ова е состојбата на патиштата

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Бележиме зголемена фреквенција на возила на ГП Богородица и ГП Табановце каде времето на чекање за излез од државата е од 30 до 45 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Отпочнат е нов начин на наплата на патарини, повеќе информации може да добиете ТУКА.

Од 01.07.2019 година, започнаа викенд забраните за тешките товарни возила на државните патишта, како и на патниот правец Скопје – Охрид. Подетално за овие забрани, прочитајте ТУКА.

Најнови вести