На граничниот премин Богородица, за излез од државата чекањето е 15-20 минути. На другите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државни патишта се одвива непречено, по суви коловози со зголемен интензитет на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. (МИА)