петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

На „Богородица“ и „Табановце“ се чека околу 1 час

На „Богородица“ и „Табановце“ се чека околу 1 час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата освен на ГП Богородица и ГП Табановце каде задржувањето изнесува околу 1 час.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Најнови вести