петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

На „Богородица“ се чека 30 минути

На „Богородица“ се чека 30 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Богородица се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 15 до 30 минути. На граничните премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Најнови вести