На граничниот премин „Богородица“ за излез од земјава се чека околу 30 минути, а на граничниот премин „Дојран“ околу 20 минути, соопшти Автомото сојузот на Македонија.
На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од земјава.