вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

На денешен ден: Миле Поп Јорданов се самоубил со последниот куршум за да не падне жив во рацете на аскерот

На денешен ден: Миле Поп Јорданов се самоубил со последниот куршум за да не падне жив во рацете на аскерот

На денешен ден во 1902 година, во Велес, во Џајково Маало, во борба против турската полиција, откако снема муниција, се самоуби Миле Поп Јорданов . Бил брат на Орце Поп Јорданов, организатор на кружокот од Солунските атентатори, македонски револуционер.

Во текот на 1902 година се разболува и се враќа со тројца другари од својата чета во Велес за да закрепне. Но не успева во тоа затоа што е наклеветен од велешкиот шпион Тасе Коцкарот. Кога му пренесуваат дека е предаден со тројцата другари ноќта низ велешките темни сокаци се обидува да го напушти градот Велес. Со тројцата другари го минат дрвениот мост на реката Вардар за да се упатат кон правец на Штип, но кај општинското училиште имало поставено турски аскер при што дошло до жестока престрелка.

Во таквите околности Поп Јорданов наредува тројцата другари да се повлекуваат и тој почнува сам да пука накај војската сè додека има муниција. Кога му останал последниот куршум, за да не падне жив во рацете на аскерот, во велешкото маало Јурија си го става револверот на слепоочницата и си го одзема животот. Турскиот командант наредил телото на мртвиот војвода да се истакне на улиците на Велес и тие што ќе го препознаат мртвиот да се заробат, сите кој минеле биле со наведнати глави и молчеле иако знаеле кој е убиениот.

Единствено сестрата на Миле не успеала да дотрае и вриснала на целиот глас кога го видела телото на својот брат.

Погребан е на гробиштата на црквата Свети Панталејмон во Велес.

Долги години гробот на Поп Јорданов беше оставен на забот на времето и заборавот, за да во почетокот на 90-те години од минатиот век на иницијатива и во организација на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Велес биде возобновен и на тој начин достоинствено му се оддаде почит на велешкиот борец за слобода кој својот живот го даде за својот намачен и поробен македонски народ.

Најнови вести