понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

НА ДЕНИС ТОТ ПРЕД ДЕСЕТИНА ДЕНА МУ БИЛО РОДЕНДЕН – братот на ракометарот со емотивна порака и фотографија посветена на него (ФОТО)

НА ДЕНИС ТОТ ПРЕД ДЕСЕТИНА ДЕНА МУ БИЛО РОДЕНДЕН – братот на ракометарот со емотивна порака и фотографија посветена на него (ФОТО)

Пред десетина дена на прерано починатиот хрватски ракометар кој животот го загуби во Македонија му било роденден.

Преку фотографии на социјалните мрежи неговиот брат, Борис Тот се потсети на убавите времиња кои ги поминал со својот починат брат.

„Драг мој, денес е твојот роденден кој за жал не можеме да го прославиме. Секогаш беше и ќе бидеш мојот вечен пример и секој ден ми недостасуваш се повеќе и повеќе.. Те сака најмногу твојата желка и знај дека ќе продолжам да ги живеам нашите заеднички соништа и секоја победа, одбрана и успех ќе ја посветувам само и исклучиво на тебе. ❤️“, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Инаку денес се изрекоа затворските казни на тројцата обвинети за убиството на Денис Тот, а поради тоа тие се во центарот на вниманието.

Најнови вести