На 25 јуни во 1956 година е роден Борис Трајковски, вториот по ред претседател на Република Македонија (од 15 декември 1999 година, до 26 февруари 2004 година).
По тој повод неговата ќерка Сара сподели и досега необјавена фотографија од својот татко.
Станува збор за фотографија на која Трајковски е облечен во кратка летна кошула, додека доле носел бели пантолани.
Тој на фотографијата се обидува и да јаде некаква храна и истата ја боцка најверојатно со нож, но поради квалитетот на истата не се гледа убаво, погледнете:
Тој инаку го има и синот Стефан, но и двајцата не живеат во Македонија.
Сара веќе долги години живее и работи во Америка, а од таму често споделува и фотографии на социјалните мрежи.
Борис Трајковски трагично загина на 26 февруари 2004 година во авионската несреќа што се случи во планинскиот предел во близина на Мостар.
На пат кон Сараево во истиот авион патувале вкупно девет членови на неговиот кабинет и сите трагично ги загубиле животите. И покрај неколку домашни и меѓународни истраги причините за трагичната авионска несреќа се уште докрај не се расветлени.