На ГП Бoгородица нема подолги задржувања за влез и за излез од Република Македонија, информираат од граничната полиција.
– Од шесте расположливи сообраќајни ленти за излез од земјава функционираат три, но сообраќајот е речиси секојдневен и задржувањето на возилата кои се главно од Македонија е само пет минути колку што се потребни за контрола на документите, изјави заменик-командирот на граничната полиција, Мирјана Костадинова.
Поголема фреквенција на возила не се бележи ниту за влез во земјава. Зголемување на интензитетот на сообраќајот може да се очекува во понеделник попладне кога оние кои заминале за Грција ќе се враќаат дома.