среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

На ГП Богородица за излез од државата се чека околу 30 минути

На ГП Богородица за излез од државата се чека околу 30 минути

На ГП Богородица, за излез од државата чекањето е околу 20-30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Според информацијата од АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Од 18 август до 12 септември 2022, на патниот правец Охрид – Ресен преку Галичица поради изведување градежни работи (асфалтирање) сообраќајот ќе биде во прекин помеѓу 09:00 и 15:30 часот. Работите ќе се изведуваат само во работни денови.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.  (МИА)

Најнови вести