вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

На ГП „Богородица“ и „Табановце“ се чека половина час

На ГП „Богородица“ и  „Табановце“ се чека половина час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Богородица и ГП Табановце за излез во државата се бележи зголемена фреквенција на возила, со време на чекање околу 30 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Најнови вести