петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

На ГП Табановце влегле 2133 лица до 15.30 часот

На ГП Табановце влегле 2133 лица до 15.30 часот
Архива

Од полноќ до 15.30 часот денеска на граничниот премин  Табановце во државава влегле 2133 патници, од кои 1496 странски и 637 македонски.

Излез од државата, пак, оствариле вкупно 1589 патници од кои 816 странски и 773 македонски државјани, соопштија од МВР.

Владата синоќа ги извести граѓаните дека согласно влошувањето на состојбата со КОВИД-19 пандемијата во регионот и големиот број нови позитивни случаи, влезот на македонски граѓани во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина нема да биде дозволен без приложување негативен ПЦР-тест, не е постар од 48 часа од моментот на влез во овие земји.

Можноста за влез на македонски државјани во Косово без ПЦР-тест останува, но Владата апелира до граѓаните да не патуваат надвор од земјата доколку немаат неодложна потреба.

Владата и здравствените власти, согласно новонастанатата епидемиолошка состојба во регионот, соопштија дека во наредните деновите ќе ја ревидираат одлуката за влез на државјани на Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина во Северна Македонија, без ПЦР-тест.

Најнови вести