недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

На Хирургија пациентите одат пешки до операциона сала!

На Хирургија пациентите одат пешки до операциона сала!

Во зградата на Клиниката за хирургија од четири лифта работи само еден. Ова се случува веќе половина месец. Толку работи поминуваат во здравството, а не може да се поправат лифтови, сведочи граѓанин чиј близок е опериран на Клиниката. Во зградата која има шест ката има четири лифта, два за посети, два за пациенти и персонал.

– Не ми се верува како е можно да не работат лифтови во зграда во која има толку хирушки клиники, во зграда каде се прават толку операции, реагира гневниот граѓанин.

Вработените пак потврдуваат и велат дека мака мачат половина месец.

-Со еден лифт се носи и јадењето за лежечките пациенти, за оние кои одат на операции, за вработените, за лицата кои ги посетуваат пациентите, велат вработени.

Според нив освен ова што е тешко и е надвор од сите стандарди.

-Можете да замислите пациентите одат пешки до операциона сала. Се разбира оние кои можат да се движат. Со итните често не знаеме што да правиме, говорат вработените.
Надлежните пак без детали, освен дека се работи на санирање на проблемот.

Најнови вести