вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

На изборниот испит од државната матура најмногу пријавени за англиски јазик

На изборниот испит од државната матура најмногу пријавени за англиски јазик

По успешно реализираниот прв дел од државната матура денес се полага вториот екстерен предмет кој е изборен. Математика и странски јазик беа избор за учениците од гимназиското и од стручното образование, додека пак учениците во уметничките училишта бираат помеѓу странски јазик и филозофија (во училишта за ликовно образование), односно естетика (во училишта за музичко образование).

Англиски јазик пријавени се да полагаат 13452 матуранти, германски јазик 140, француски јазик 32, руски јазик 18, математика 1529, филозофија 14 и естетика 66 матуранти.

Полагањето започна во 10:00 часот во сите училишта и без посебни технички предизвици. Испитите траат 3 часа.

-Инаку, во оваа учебна година државна матура полагаат вкупно 15.294 ученици. Првиот екстерен испит по мајчин јазик се полагаше на 5 јуни. Учениците кои поради изолација не полагаат во предвидените термини, имаат можност да полагаат на 25 и 28 јуни, со приложување потврда до училишните комисии. Резултатите ќе бидат објавени во рок од 30 дена од последниот (вториот) екстерен испит. Тие што нема да ја положат матурата во јуни или не во целост, ќе имаат втора можност во августовската сесија – термините се 11 август за првиот екстерен и 13 август за вториот екстерен испит, соопштуваат од Државниот испитен центар.

Во целиот процес, ангажирани се околу 300 набљудувачи и 2000 наставници тестатори, кои предходно имаа можност да се се вакцинираат.

Државниот испитен центар, заедно со Министерството за образование и наука, другите надлежни институции и со училиштата успеаа да се подготват и да го спроведат процесот на државна матура и со тоа да им се овозможи на матурантите од четиригодишното образование да окружат еден дел од процесот на школување.

Стекнатата диплома за положена матура значи услов за упис во високо образование и во земјава и во странство.

Најнови вести